Subject: Languages and literature
Year: 2021
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: ДВЕ ГОДИШНИНИ – ДВА СТОЖЕРНИ ВЕКА (Кон двата големи македонски јубилеи – 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков и 100 години од раѓањето на Блаже Конески)
Author: Vitanova-Ringaceva, Ana
Abstract: Во историјата на секој народ има години што испишале историја, години на создавање и години на значајни историски навраќања. Оваа 2021 година е во знакот на двете стожерни годишнини за Македонија и македонскиот народ: 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков и 100 години од раѓањето на Блаже Конески. За македонскиот народ, јазик и воопшто за државата, годината 2021 е година на навраќање кон двата стожери, двата силни столба вкопани длабоко во темелите на македонската опстојба. Кога пишуваме за местото на овие двајца големи лингвисти и кодификатори на македонскиот литературен јазик, тогаш неминовно се потврдува констатацијата дека без нив не би можеле да зборуваме за македонскиот културно-јазичен континуитет. Мисирковото и Блажеконеското дело се нашиот најсилен аргумент против сите наметнати негирања за нашето постоење и културен континуитет, аргументи кои пред повеќе од 100 години сме ги добиле во наследство. Парадигмата поставена од Мисирков доби своја опширна елаборација и практичен показ при кодифицирањето на македонскиот литературен јазик, логичен чин по вековниот процес на јазично зреење.
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/29058/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:29058
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/29058/1/%D0%9F%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%82%2012%2C%202021.pdfIdentifier: Vitanova-Ringaceva, Ana (2021) ДВЕ ГОДИШНИНИ – ДВА СТОЖЕРНИ ВЕКА (Кон двата големи македонски јубилеи – 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков и 100 години од раѓањето на Блаже Конески). Палимпсест бр.12, 2021. ISSN 2545-3998