Title: Примена на квадратно-бранова волтаметрија во аналитика на лекови на површинско-активни системи-Пилот Проект
Author: Janeva, Milkica Author: Gulaboski, Rubin
Abstract: Квадратно-брановата волтаметрија е електрохемиска техника што интензивно се применува во хемијата, фармацијата и физиологијата во последните 20тина години. Во рамките на овој пилот-проект, прикажани се резултати од неколку теоретските модели за површински реакции поврзани со хемиски рамнотежи, што се адекватни модели за студирање на интеракциите помеѓу различни типови на лекови. Покрај тоа, дадени се експериментални примени преку кои може да се испитуваат кинетичките (брзината на интеракциите помеѓу лекови) и термодинамичките параметри (константите на стабилност на два лекови што стапуваат во хемиска интеракција). Резултатите од овој пилот проект се дел од четири трудови што се публикувани во списанија со фактор на влијание во 2019 и 2020 година.