Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Economics and business


Year: 2021


Type: Book
Type: PeerReviewed



Title: Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост


Author: Metodijeski, Dejan
Author: Filiposki, Oliver
Author: Keskinova, Angelka
Author: Dzambazovski, Kristijan
Author: Taleska, Milena
Author: Todorovic, Emilija
Author: Dimovski, Cedomir
Author: Micevski, Mladen
Author: Mitreva, Elizabeta



Abstract: Книгата „Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост“ е наменета за сите кои работат во секторот угостителство и туризам, за академската јавност, студентите, учениците, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со организацијата на туристички активности. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на пристапноста во туризмот од аспект на лицата со попреченост. Материјалот во книгата е поделен во три основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на современите аспекти на туризмот, карактеристиките на туризмот, како и регионалната дистрибуција на светскиот туризам. Исто така, обработен е материјалот поврзан со современите тенденции и влијанието на COVID-19 во туризмот. Во вториот дел се разгледува пристапноста во туризмот. Се обработува материја поврзана со дефинирање и анализа на различни аспекти на пристапноста во туризмот, организацијата на патувањата, туристичката политика, туристичките водичи, понудата, профилот на побарувачката и сл. Исто така, посветен е дел на пристапност на објектите во туризмот и угостителството, како: ресторани и сектор храна и пијалаци, хотели и сектор сместување, пристапни дестинации, транспорт, тематски паркови, објекти на културата, настани, спорт, бродови за крстарење и плажи. Третиот дел е посветен на меѓународните практики поврзани со пристапноста во туризмот. Во овој дел се обработува материјалот поврзан со пристапноста и туризмот во светот, како и активностите на Светска Туристичка Организација на ова поле. Исто така, се обработуваат и Европските практики на пристапност во туризмот, каде се дадени примери од развиени туристички земи како: Германија, Чешка, Словенија, Португалија и Англија. Во книгата покрај меѓународните искуства опфатени се аспекти на пристапноста и туризмот во Македонија. Дадени се успешни примери и практики, како и проекти од секторот угостителство и туризам во земјата кои одат во прилог на подобрување на пристапноста во туризмот во земјата. Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на пристапноста во туризмот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со пристапност во туризмот и патувањата на лицата со попреченост. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.


Publisher: Туристика


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/28355/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:28355
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/28355/2/Binder2.pdf
Identifier: Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Keskinova, Angelka and Dzambazovski, Kristijan and Taleska, Milena and Todorovic, Emilija and Dimovski, Cedomir and Micevski, Mladen and Mitreva, Elizabeta (2021) Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-09-2



TitleDateViews
Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост20211073