Subject: Economics and business
Year: 2021
Type: Thesis
Type: NonPeerReviewed
Title: Туристичка валоризација на тврдините во Република Северна Македонија
Author: Todorovic, Emilija
Abstract: Културното наследство како основа за развој на културниот туризам и туризмот како општествена појава се два меѓусебно поврзани комплексни поими. Културното наследство од една страна придонесува за атрактивност и препознатливост на дестинацијата и мотив за посета на истата, а туризмот пак, од друга страна, придонесува за валоризација и промоција на наследството, градење идентитет на дестинацијата, општествен и економски развој. Во овој труд преку една сеопфатна анализа на постојната литература се потенцира поврзаноста помеѓу културното наследство и туризмот, со акцент на тврдините како дел од тоа наследство. Нивната валоризацијата има за цел согледување на моменталната состојба и потенцијалот за формирање квалитетен автентичен туристички производ кој успешно ќе се промовира на пазарот. Република Северна Македонија изобилува со голем број тврдини и крепости кои водат корени уште од античко време, а секоја од нив има сопствена историја и културно значење. Не навлегувајќи во анализа на сите тврдини поединечно, во трудот се избрани осум тврдини од различни региони во земјата, како потенцијал за локален, регионален и национален туристички развој. Туристичката валоризација на избраните тврдини е направена според квантитативно - квалитативен метод, кој е модифициран и составен од индикатори кои според авторот даваат јасна и објективна слика за моменталната состојба на тврдините како потенцијален културен туристички производ. Исто така со тоа ќе се откријат слабостите во менаџирањето со тврдините и ќе се добијат насоки за идни инвестициски зафати. Добиените резултати може да се користат за креирање краткорочни и долгорочни планови за иден туристички развој на дестинацијата. Во текот на истражувањето вршени се кабинетски и теренски истражувања, при што се применети различни методи и техники на собирање податоци. Поради поголема објективност во оценувањето на поставените индикатори, во анкетирањето се вклучени експерти од областа на туризмот, археологијата, уметноста и економијата, но и туристи со цел создавање целосна слика за предметот на истражување.
Publisher:
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/28293/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:28293
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/28293/1/Disertacija_lektorirana_print_finalna.pdfIdentifier: Todorovic, Emilija (2021) Туристичка валоризација на тврдините во Република Северна Македонија. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.