Abstract: Стоматолозите работат во релативно мал простор на работа во усната шуплина во која визуели-зацијата на работната површина е тешка, а нивниот опсег на движење е ограничен и тие често пати прават повторливи движења на горните екстремитети. Токму заради природата на нивната работа, мускулите на вратот и горниот дел од грбот се изложени на пролонгирани изометриски контракции што резултираат со појава на болка. Покрај тоа, работата во стоматолошка ординација често може да биде поврзана со зголемено ниво на бучава, употреба на уреди за производство на вибрации и зрачење, како и со психолошки стрес предизвикан и природата на работата и од пренатрупаниот распоред.