Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Clinical medicine


Year: 2016


Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed



Title: Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози


Author: Gligorievski, Antonio



Abstract: Книгата се состои од 24 поглавја на вкупно 147 страници. Веднаш после воведот изнесени се основните физички принципи на рендгенските зраци, бидејки абсорпцијата на ртг. зраците е од особена важност за компјутризираната томографија (CT). Објаснета е конвенционалната, линеарна томографија како претходник на CT. Дадени се историските податоци во развојот на CT и првиот апарат за CT. Наведени се принципите за CT, започнувајки од геометријата на снопот, слабеењето на снопот, широчината на пресекот, детекторите на ртг. зраците, основните параметри и протокол на снимање. Објаснето е секвенционалното и спирално скенирање и добивање на слика со реконструкција и прикажана е градбата на новите повеќеслојни скенери. Објаснето е што претставува pixel, што е voxel, што претставува дензитетот и како се одредува. Објаснета е градбата на апаратот за CT. Изнесено е како се добиваат сигналите и обработката на податоците, како се добива CT слика, што е CT број, што е мрежа или матрикс на податоци, што е прозорец (windowing) и негово одредување на CT сликата. Објаснет е начинот на довбивање на CT слика, реконструкцијата со помош на пост процесинг. Прикажан е системот за CT и факторите од кои зависи квалитетот на CT сликата (шум, резолуција, контраст). Најчести артефакти на CT сликата и зошто се јавуваат. Прикажани се сите пет генерации на CT скенери и во што се состои разликата меѓу нив. Објаснети се основните принципи на работа со CT скенерот и користењето на тастатурата, глушецот, користење на работните прозорци и контролни кутии, како и картите со задачи, менија и алатки како дел од совтферскоот пакет кој го поседува секој CT скенер. Објаснет е протоколот на работа со CT скенерот од вклучување па се до исклучување на системот. Објаснет е потоколот за CT снимање на сите делови и органи од човечкото тело, индикациите за прегледот, како и предностите и недостатоците од прегледот. Сето тоа на едноставен и разбирлив начин за студентите.


Publisher: Antonio Gligorievski


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/27688/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:27688
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/27688/1/%D0%9A%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%98%D1%83%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8%20%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%B8.pdf
Identifier: Gligorievski, Antonio (2016) Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози. Other. Antonio Gligorievski.
Identifier: COBISS.MK-ID 101369098



TitleDateViews
Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози201654