Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Educational sciences


Year: 2020


Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed



Title: Педагошки факултет, Факултет за образовни науки (1995-2020)


Author: Petrova Gjorgjeva, Emilija
Author: Mirascieva, Snezana
Author: Petrovska, Sonja
Author: Sivevska, Despina
Author: Kitanova, Irena
Author: Koceva, Daniela
Author: Josimovska, Verica
Author: Cackov, Oliver
Author: Stojanov, Trajce



Abstract: Четврт век високообразовна установа за образование на наставници и воспитувачи! Од Педагошки факултет, до Факултет за образовни науки, чествуваме 25 години факултетско образование! И четврт век е доволно за почит и достојно за восхит, но ако се земе предвид дека тие 25 години се всушност само продолжување на долга и богата образовна традиција, која институционално досегнува сè до Учителската школа во 1945 година, станува јасно пред каква историска величина стоиме. Затоа, оваа генерација наставници, професори и асистенти од Факултетот за образовни науки, гордо, но занемено е исправена пред одговорноста што треба ја преземе на своите плеќи. Оваа генерација, не само што има долг кон сегашноста и поглед кон иднината, туку и кон наследството на традицијата и богатото минато што треба да го оправда. Да се служи на воспитанието и образованието, да се служи на науката и педагогијата, да се служи на просветата на нацијата, со такво наследство зад себе, е вистински предизвик, но и тежок подвиг. Тој подвиг значи да се возвишите на заумни врвови, да досегнете непрегледни хоризонти, затоа што врвовите на оваа институција се високи, а хоризонтите навистина далечни. Далечни до средината на XVIII-от век, кога почнуваат да се јавуваат првите ќелијни училишта, а високи колку еден Јосиф Ковачев или еден Гоце Делчев. Тешко се досегаат и тие хоризонти и тие врвови. И не велиме дека сме им дури ни близу. Но, барем ветуваме дека тие ни се светилниците. Затоа, нашата задача ќе биде далеку поскромна. Не мерејќи се и премерувајќи се со нив, оваа генерација може само да се обврзе дека ќе им го оддаде нужниот долг и на таа традиција и на тие луѓе, со што барем ќе биде достоен продолжувач и верен поддржувач на духот на историјата. Во таа насока е и оваа Монографија, по повод 25 години од Педагошкиот факултет, односно Факултетот за образовни науки. Имено, денешнава институција, Факултет за образовни науки, пред 25 години, од Педагошка академија, прерасна во Педагошки факултет „Гоце Делчев“. Со тоа, како конечно да се затвори еден долг историски процес на оваа институција, која својот растеж го започна како Учителска школа во далечната 1945, преку Вишата педагошка школа во 1959 и Педагошката академија во 1961 година. Формирањето на Педагошкиот факултет во 1995 година го означува почетокот на факултетското образование за наставници на оваа институција, која во 2011 година го промени својот назив во Факултет за образовни науки. Педагошки факултет/Факултет за образовни науки 1995-2020 ~ 8 ~ Оваа Монографија ги следи сите тие фази од нејзиниот растеж, секако со акцент на последните 25 години, кога живо го сведочевме тој трнлив, но радосен од. Тие сведоштва се долг кон нашите претци, но и аманет за нашите деца. Да сведочат и судат. Колку бевме достојни?!. Тоа го препуштаме на иднината. Нам, ни останува вечно да се прашуваме „можевме ли повеќе“? Ова сведоштво, го оставаме со надеж дека сторивме барем доволно, во периодот од 1995 до 2020 година.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/27320/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:27320
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/27320/1/Monografija%20FON.pdf
Identifier: Petrova Gjorgjeva, Emilija and Mirascieva, Snezana and Petrovska, Sonja and Sivevska, Despina and Kitanova, Irena and Koceva, Daniela and Josimovska, Verica and Cackov, Oliver and Stojanov, Trajce (2020) Педагошки факултет, Факултет за образовни науки (1995-2020). Documentation. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.



TitleDateViews
Педагошки факултет, Факултет за образовни науки (1995-2020)202058