Home | Repositories | Statistics | About



Subject: History and archaeology


Year: 2017


Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed



Title: Британските планови за повоеното уредување на Балканот и Југоисточна Европа


Author: Cepreganov, Todor
Author: Nikolova, Sonja



Abstract: Кон крајот на 1941 година британските политички кругови почнале да размислуваат за повоеното уредување на Европа, пред се да ги заштитат своите интереси, а од друга како одговор на хитлеровиот „Нов европски поредок”. Затоа, аналитичарите на Форин Офис сметале дека земјите кои “лежат меѓу Германија и Италија од една страна и Русија и Турција од друга се очигледни полиња за еден таков експеримент”. Новата поделба на Балканот меѓу силите на Оската и нивните сојузници во 1941 година требало да го претставува “новиот поредок во Европа”. Несомнено, Велика Британија била убедена во победата на сојузниците и од самиот почеток на војната правела разни калкулации како би ги приврзала земјите од југоисточна Европа и од Балканот кон себе. Затоа постоела и реална основа. Имено, суверените на Грција, Југославија, Полска, Чехословачка се наоѓале во Лондон и биле во постојан контакт со политичките кругови на Велика Британија кои ги помагале. Политичкиот естеблишмент на Велика Британија уште во 1941 година почнал со скицирање на планови за федерации, конфедерации и сојузи на земјите од југоисточна Европа и Балканот и ги охрабрувал сојузничките влади кои ги протежирале идеите за такви федерации и конфедерации. При крајот на 1941 година во круговите на југословенската влада во емиграција почнала да созрева идејата за формирање на југословенска федерација која би се протегала од Трст до Варна, во која Србија била замислена од Битола до Нови Сад и од Босилград до Карловац како единствена српска единица во конфедерација, унија на сите Југословени. Поконкретни планови во однос на иднината на Балканот почнале да се прават по поразот на Германците пред Москва при крајот на 1941 година. Тој пораз од страна на Велика Британија бил сфатен како можност СССР да преземе акции за продор на Балканскиот Полуостров, па дури и негово окупирање. Таа опасност била причина Британците по сериозно да се зафатат со плановите за формирање на федерации, конфедерации на Балканот и пошироко во југоисточна Европа и покрај тоа што тоа било во спротивност со начелата на Атлантската повелба. Од тие причини уште при крајот на 1941 година Черчил ќе ја дефинира неговата идеја за повоено уредување на земјите на Југоисточна Европа и Балканот. Тој ќе истакне: “Јас се надевам дека во иднина ќе се создадат Европски обединети држави, при што бариерите меѓу нациите ќе бидат сведени на минимум…Јас се надевам да видам создавање на совет, кој ќе се состои од десет членови, во кој ќе влезат некогашните големи држави и неколку конфедерации-Скандинавска, Дунавска, Балканска и др.”.


Publisher: Zdruzenie na istoricarite na Republika Makedonija


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/19334/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:19334
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/19334/1/%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0%20%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B0.pdf
Identifier: Cepreganov, Todor and Nikolova, Sonja (2017) Британските планови за повоеното уредување на Балканот и Југоисточна Европа. Project Report. Zdruzenie na istoricarite na Republika Makedonija, Skopje.
Identifier: ISBN 978-9989-776-14-4



TitleDateViews
Британските планови за повоеното уредување на Балканот и Југоисточна Европа201746