Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Economics and business


Year: 2006


Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed



Title: Економско-географски процеси и промени во светот и во Република Македонија


Author: Temjanovski, Riste
Author: Stojmilov, Aleksandar



Abstract: Монографската публикација Економско-географски процеси и промени во светот и во Република Македонија претставува стручно дело кој на едно место ги прикажува современите општествено-економските процеси, демографски состојби, светските економски движења и регионални групации, како и економско-географската проблематика на Македонија. Во овој труд опфатени се историските и современите економски и географски случувања во светот и земјата, материјал обработен и презентиран од повеќегодишното наставно и научно искуство на авторите стекнато низ истражувачките процеси и изведувањето на универзитетската настава. При пишувањето користени се најнови резултати од економската, географската наука и сродните дисциплини на неа. Главна цел на книгата е да даде основа за разбирање и совладување на теоретските и актуелни случувања и диспропорции на светското стопанство и економските ресурси и потенцијали во Македонија. Диспаритетот во стопанската развиеност се претвори во еден од најкрупните проблеми на развојот на современиот свет, па оттука и нагласениот интерес за истражување на територијалната разместеност на одредени важни ресурси, вклучувајќи го и човечкиот, разместеноста на производствената структура на одделни земји и региони, дистрибутивните канали од производствените до потрошувачките центри итн, кои имаат доминантно место во меѓународните прометни текови. Концепцијата на книгата е базирана врз поврзаноста на актуелните состојби кај стопанските движења во светот и Република Македонија. Во првиот дел од книгата разработени се економско-географските процеси во духот на глобалните промени и предизвици, историскиот развој на економската географија, разместеноста на одделни суровини и производи, како и современите текови на капиталот. Во вториот дел од книгата прикажани се состојбите во Република Македонија од просторно-географски, демографски, стопански аспект. Со овој труд се настојува да се истакне и потребата за објективна научна анализа на економско-географските прашања, особено прифатени и применливи во научните истражувања на бројни истражувачи во светот. Дадена е критичка анализа и оценка за последиците од актуелните случувања во непланско и деградирачко искористување на одредени суровини и нивната рефлексија врз глобалните економски текови.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/16032/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:16032
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/16032/1/1%20EGPP%20SVET%20RM%20REPOZITORIUM.pdf
Identifier: Temjanovski, Riste and Stojmilov, Aleksandar (2006) Економско-географски процеси и промени во светот и во Република Македонија. Other. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип.
Identifier: ISBN 978-608-244-302-7



TitleDateViews
Економско-географски процеси и промени во светот и во Република Македонија200650