Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Basic medicine
Subject: Clinical medicine
Subject: Health sciences
Subject: Other medical sciences


Year: 2015


Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed



Title: Фибринолиза и орална хирургија – научна монографија


Author: Dimova, Cena



Abstract: Идејата за да се оформи првото издание на монографијата, како израз на стручен и научен приказ на една сублимирана тема - фибринолитиачката активност на крвта при оралнохируршките интервенции беше најпрво потикната и произлезе од следниве, по мене две суштински причини. Првата, постои недостиг на домашна стручна литература од областа на хемостазата и оралнохируршките интервенции во наштите простори. Втората, за мене особено важна, е намерата да се приближат научните сознанија, дел од резултатите и апликативните исходи произлезени од мојата научноистражувачката работа во изминатиот период: магистерскиот труд, јавно одбранет 2002 година, и научноистражувачки проект со наслов “Фибринолитичка активност на крвта при оралнохируршки интервенции “(2000- 2003 - национален проект, - 40230800/0) под покровителство на Министерството за образование и наука, јавно одбранет во 2004 година во кој учествував како млад истражувач. Комплексноста на системите за хемостаза и фибринолиза неможно е да се разгледуваат одвоено и селективно. Нивното активирање, односно инхибирање при оралнохируршките интервенции, честопати престставуваат еден од многуте аспекти кои ја детерминираат и диктираат клиничкта слика на пост оралнохируршкиот период, како и конечниот исход на интервенциите. Ова второ преработено издание на монографијата е намената за студентите на додипломским, постдипломски и докторските студии на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, колегите специјалисти и специјализанти по орална и максилофацијална хирургија и сите оние кои имаат желба и интересирање за научноистражувачка работа од областа на оралната хирургија. Неизмерна благодарност чувствувам кон моите учители и рецензетите на првото издание на монографијата: проф. д-р. Јордан Јанев, ментор на мојот магистерскиот труд и докторската дисертација, и проф. д-р. Стојанка Костовска, која направи да ја разбирам и да ја засакам хемостазата. Особена почит и благодарност чувствувам до рецензентите на второто издание на монографијата, проф. д-р. Јордан Јанев, проф. д-р Ана Миновска и проф д-р Милка Здравковска, длабоко и искрено им се заблагодарувам за насоките, моралната подршката и за перманентниот потик да истраам до конечното обликување на овој труд.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев"


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/14616/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:14616
Identifier: Dimova, Cena (2015) Фибринолиза и орална хирургија – научна монографија. Other. Универзитет „Гоце Делчев", Штип.
Identifier: ISBN 978-608-244-255-6



TitleDateViews
Фибринолиза и орална хирургија – научна монографија201553