Subject: Law
Year: 2015
Type: Book
Type: NonPeerReviewed
Title: Стварно право -учебник
Author: Belovski, Vojo
Abstract: Граѓанското право, како семејство од правни гранки, покрај општиот дел на граѓанското право, го сочинуваат и правните гранки именувани како стварно право, облигационо право и наследно право. Стварното право преставува посебна категорија на сујективните граѓански права, покрај облигационото и наследното право. Стварните права се разликувааат од облигационите права: по предметот или објектот (се однесува на стварите) и по непосредниот однос помеѓу титуларот на стварното право и стварта и тие му даваат (потполна или ограничена) на титуларот власт на стварите. Спротивно на стварните права, облигационите права создаваат непосреден однос помеѓу две лица, доверител и должник. Ставрните права се апсолутни права, т.е. такви кои не делуваат како облигациониe релативни права inter partes, према едно одредено лице, туку према секој – erga omnes, без оглед дали тие лица биле предходно во договорен однос. Граѓанското право е систем од правни норми (правни правила) со кои се уредуваат општествено - економските (имотните) односи меѓу луѓето што настануваат по повод (во врска) а) стварите, б) сторувањата (човековите дејствија) и в) имотот. Овие три вида на објекти на имотните односите меѓу луѓето се и основа за создавање на три одделни дела на објективното граѓанско право: стварното, облигационото и наследното право.
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев”
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/14343/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:14343
Identifier: Belovski, Vojo (2015) Стварно право -учебник. Универзитет „Гоце Делчев”, Штип, Македонија. ISBN 978-608-244-252-5