Subject: Agricultural biotechnology
Year: 2007
Type: Monograph
Type: NonPeerReviewed
Title: Водич за органско производство на домат
Author: Mihajlov, Ljupco
Abstract: Прирачник за органско производство на домат.Упатството за работа е наменето за сите чинители кои учествуваат во процесот на производство на домати.организирано според принципите на органското земјоделско производство. За советниците, претставува корисен извор на информации, а за земјоделците точни напатствија за тоа на што треба да посветат посебно внимание за да се стекнат со сертификат за органски производ.Земјоделското производство кое се потпира на неупотреба на хемиски средства (од синтетичко потекло), или попознато како органско земјоделство ги вклучува сите техники на земјоделското производство кои применуваат начин на добивање здрава храна, истовремено зачувувајќи ја човековата околина. Како клуч за успешно производство, овие техники на производство своја потпора црпат од природната плодност на почвата. Преку разбирањето и почитувањето на природните можности на растенијата, животните и земјиштето, истото се стреми кон постигнување што е можно поголем квалитет, врз база на постојните услови.Органското земјоделско производство целосно го намалува влијанието на надворешните фактори врз човековата околина, преку не примена на ѓубрива, пестициди и средства за заштита на здравјето на животните добиени по хемиски пат. Наместо примената на вакви средства,органското земјоделско производство се потпира на природата и нејзините особености, во зголемување на приносите и отпорноста кон болестите.Со други зборови, органското земјоделско производство се дефинира како севкупен производен систем, кој го промовира и унапредува здравиот агро-еколошки систем, вклучувајќи ги животинските разноликости, животните циклуси на растенијата и животните, почвената активност; става акцент на раководните способности на човекот над употребата на средства кои немаат потекло од самите фарми; ги искористува/применува биолошките и механичките методи, наспроти синтетичките материјали.Доколку како производител се одлучите да произведувате по принципите на органско производство на домат, треба да бидете подготвени да одговорите на две многу важни прашања: - Дали имате услови за органско производство ? - Каде ќе го пласирате своето производство? При преминување кон органско производство на домат треба да бидат задоволени определени барања од самиот производител, површините за производство и самата технологија на одгледување.Органското производство на домат од производителот бара да има посебен однос, стрпливост и познавања за оваа технологија на производство. Односот кон органското производство значи дека производителот го осознал и се откажал од употребата на било какви вештачки ѓубрива и пестициди, поради нивното штетно влијание враз околината и потрошувачот.
Publisher: Ministry of Agriculture Forestry and Water Economy of the Republic of Macedonia
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/14205/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:14205
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/14205/1/__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ljupco.mihajlov_Desktop_%D0%A2%D0%A0%D0%A3%D0%94%D0%9E%D0%92%D0%98%20%D0%97%D0%90%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%95%D0%9F%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%A2%D0%9E%D0%A0%D0%98%D0%A3%D0%9C_Vodic%20za%20organsko%20proizvodstvo%20na%20domat.pdfIdentifier: Mihajlov, Ljupco (2007) Водич за органско производство на домат. Manual. Ministry of Agriculture Forestry and Water Economy of the Republic of Macedonia, Skopje, ISBN 978-9989-2799-6-6.
Identifier: COBISS.MK-ID 71122442