Home | Repositories | Statistics | About



Subject: History and archaeology
Subject: Languages and literature
Subject: Other humanities
Subject: Philosophy, ethics and religion


Year: 2003


Type: Book Section
Type: PeerReviewed



Title: Македонијо, те сакаме во сите твои бои


Author: Kukubajska, Marija Emilija



Abstract: Песната „Македонијо, те сакаме во сите твои бои“, е објавена во учебникот „Македонски јазик за шесто одделение“ од авторот Томе Богдановски (Богданоски, 2003). Наставниот материјал во овој учебник е предвиден за предмет кој се изучува во училиштата во Република Македонија. Со оглед на издавање на оваа песна во национален учебник, песната го потврдува своето националното значење и во образовниот процес, покрај нејзината вклученост во платформи од културата и медиумите (Македонска телевизија - утринска програма, македонско радио, Нова Македонија, списание на иселениците „Македонија“ и книжевни манисфестации). Учебникот е издаден од Просветно Дело, Скопје, 2003 година. Песната е носител на централната тема за љубов кон татковината Македонија и македонскиот народ. Убавината и значењето на Македонија се претставени низ поетски метафори кои ги симболизираат 1. промените на сезонските времиња во пејсажите на земјата и 2. промените низ историските процеси на трагедии и триумфи во опстојувањето на македонскиот народ. . Песната ја афирмира таа љубов и почит низ примери за духовен и морален интегритет. Песната инспирирра на почит кон жртвите за татковината и ја ангажира свеста за зачувување на македонскиот индентитет преку трајни вредности на македонскиот народ, земја, татковината, фамилија, традиција, фолклор и факти. Возвишените национални чувства дифузирани преку многузначната содржина и тема и обебедуваат на оваа песна примарно место во учебникот изучуван во Република Македонија со тоа што таа е објавена како воведен наставен пример за дидактично-уметничка содржина на учебникот. Насловот на песната „Македонијо, те сакаме во сите твои бои“, е употребен и за наслов на првото поглавје во учебникот. Содржината на песната е дел од интегралната верзија на песната, напишана 1999 година. Песната во учебникот се обработува и со додатен материјал за анализа: зборови и изрази од стандардниот современ македонски јазик, и од фондот на архаизми и народни благослови. Песната ги инспирира наставниците и ги ангажира учениците на креативно размислување и развивање на критичкото мислење на учениците во однос на интелектуалната сопственост и на културниот идентитет, трајноста на моралните доблести и духовните и физички, историски и географски вредности, на кои им се контрастира антитезата за анти-вредностите меѓу деструктивните ентитети.


Publisher: Просветно дело, АД


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/13312/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:13312
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/13312/1/Uchebnik%20po%20makedonski%20jazik.PDF
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/13312/8/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0%20-%20%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%9E%20%D0%A2%D0%95%20%D0%A1%D0%90%D0%9A%D0%90%D0%9C%D0%95%20%D0%92%D0%9E%20%D0%A1%D0%98%D0%A2%D0%95%20%D0%A2%D0%92%D0%9E%D0%98%20%D0%91%D0%9E%D0%98.pdf
Identifier: Kukubajska, Marija Emilija (2003) Македонијо, те сакаме во сите твои бои. In: Македонски јазик - Шесто одделение. Просветно дело, АД, Скопје.



TitleDateViews
Македонијо, те сакаме во сите твои бои20031071