Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Languages and literature


Year: 2004


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Анегдотски фолклорни записи


Author: Mladenoski, Ranko



Abstract: Трудот претставува рецензија, односно осврт за книгата со наслов „Демирхисарски и други сказанија“ од авторот Радован П. Цветковски издадена во 2003 година од страна на скопската издавачка куќа „Матица македонска“. На почетокот од трудот се приложува податокот дека станува збор за книга исполнета со 255 анегдотски фолклорни записи, односно со анегдотски сказанија. Овие народни умотворби се запишани во периодот меѓу 1996 и 1999 година од седумтесетина раскажувачи кои во основа потекнуваат од регионот на Демир Хисар, но во книгата се застапени и фолклорни записи од други делови на Македонија како што се Битола, Вранештица, Ѓавато, Жировница, Мариово, Новаци, Ресен итн. Покрај тоа, во овој труд се нагласува и тоа дека од содржински аспект во книгата се забележува едно шаренило од теми и мотиви коишто не му се непознати на македонскиот фолклор, но во оваа збирка веќе се чувствува одредена свежина или модерност во тематскиот мозаик. Во заклучокот од трудот се потенцира дека книгата „Демирхисарски и други сказанија“ од авторот Радован П. Цветковски е мошне солиден прилог кон зачувувањето и проучувањето на македонската народна книжевност.


Publisher: Културен живот, Скопје


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/12889/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:12889
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/12889/1/Ranko%20Mladenoski%20za%20Skazanija%20od%20Radovan%20P%20Cvetkovski.pdf
Identifier: Mladenoski, Ranko (2004) Анегдотски фолклорни записи. Културен живот, 49 (3). pp. 87-88. ISSN 0047-3731



TitleDateViews
Анегдотски фолклорни записи2004901