Subject: Languages and literature
Year: 2004
Type: Article
Type: PeerReviewed
Title: Борците и со збор
Author: Mladenoski, Ranko
Abstract: Трудот претставува рецензија за книгата со наслов „Гемиџиските пораки“ од авторот Васил Тоциновски, објавена во 2004 година од издавачот „Друштво за наука и уметност“ од Велес. Уште на почетокот од трудот се нуди податокот дека оваа книга се состои од текстови во кои авторот се навраќа кон дејците од македонската книжевна историја во периодот од втората половина на 19 век па сè до шеесеттите години на 20 век како што се Кочо Рацин, Коле Неделковски, Ганџо Хаџи Панзов, Георги Палашев, Вестала Тимчева, Љубомир Весов, Илија Кушев, Александар Панов, Ѓошо П. Бојаџиев, Коце Ванов, Васил Ѓоргов и Димче Тоциновски. Покрај ова, во овој труд се нудат и кратки описи на одреден број текстови од оваа книга на Тоциновски како што се, на пример, оние за Кочо Рацин. Во заклучокот од трудот се нагласува дека книжевно-историското дело на Васил Тоциновски со наслов „Гемиџиските пораки“ е книга за Македонците кои за слободата се бореле со пушка, но и со збор.
Publisher: ЗОНИК ДООЕЛ, Скопје
Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/12854/
Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:12854
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/12854/1/Ranko%20Mladenoski%20za%20Gemidziski%20poraki%20od%20Tocinovski.pdfIdentifier: Mladenoski, Ranko (2004) Борците и со збор. ЛИК, „Нова Македонија“, 60 (20375). p. 14. ISSN 0350-4298