Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Other engineering and technologies


Year: 2012


Type: Thesis
Type: NonPeerReviewed



Title: Примена на секвенцијална екстракција како метод за проценка на дистрибуцијата и мобилноста на бакарот во лозови насади


Author: Karakaseva, Elizabeta



Abstract: Истражувањата во овој магистерски труд главно беа фокусирани кон определување на степенот на акумулација и начинот на дистрибуција на Cu, Zn, Ni, Cr, As, Cd, Mn и Fe во почви собрани од лозарски парцели од Валандовската котлина, како чекор кон разбирање на нивното однесувањето во почвите и нивнара потенцијална достапност до флората и фауната. За таа цел, Cu, Zn, Ni, Cr, As, Cd, Mn и Fe во почвените примероци беа определени со помош на методата на секвенцијална екстракција (Tessieret al., 1979). Оваа постапка предвидува мерења на содржина на метали во четири различни екстракти, добиени од медиуми како што се амониум ацетат (1 mol / l) хидроксиламин хлорид (0,1 mol / l), водород пероксид (8,8 mol / L) плус амониум ацетат (1 mol / L) и екстракт добиен по дигестија со мешавина на HF и HClO4, во кои се содржат соодветно: фракција добиена со јонска измена, редукциона фракција, оксидациона фракција и резидуална фракција. Анализите се изведени со користење на атомска емисиона спектроскопија со индуктивно спрегната плазма (АЕС-ИСП). Резултатите добиени од секвенцијалната екстракција се споредени со вкупните содржини на металите од интерес , кои беа добиени по дирекна дигестија со мешавина на HF и HClO4. Сумата од фракции, добиени со методата на секвенцијална екстракција, генерално беше во согласност со вкупната содржината на металите, добиени со дирекна дигестија, со мешавина на HF и HClO4. Точноста е на задоволително ниво и долните граници на детекција за елементите под истрага беа во опсег 0,01-0,03 mg/l . Физичко-хемиските својства на почвата: pH вредност, CEC, органска материја, содржина на карбонати и големина на честички , исто така беа анализирани. Вкупните количества на Cu, Zn, Pb, Ni, Cr, As, Cd, Mn и Fe во скоро сите почвени примероци не ги надминаа МДК (BG Con. Of Holland) , освен почвениот примерок R(3) од лозарска парцела од околината на Раброво , каде беа измерени повисоки концентрации, особено за Fe, Ni и Cr , а во помала мера и Cu и Zn. Останатите елементи не покажаа некое значајно отстапување. Фракциите, екстрахирани од површинскиот слој на почвата, го имаат следниот редослед на застапеност, за скоро сите метали од интерес: фракција екстрахирана како резултат на оксидација ( делот од вкупното количество на металот задржан од страна на органската материја во почвата или исталожен како сулфид) > фракција врзана во кристалната решетка на силикатните минералите ( резидуална фракција) > фракција екстрахирана како резултат на редукција (врзана за Fe-Mn оксидите)> јоно-изменувачка фракција и фракција растворлива во слаби киселини (делот од вкупната содржина на металот адсорбирана на површината на почвените честички или исталожен како карбонати или фосфати). Освен манганот кој доминираше во редукционата, односно Fe-Mn оксидната фракција, доминацијата на останатите металите во оксидационата фракција во почвата покажува дека оваа фракција има доминантна улога во контролата на однесувањето и транспорт на овие метали во почвата. Мобилноста и достапноста на металите беше оценета со нивната процентна застапеност во делот врзан со јонска измена или исталожен како карбонат, добиен со постапката на секвенциална екстракција. Нискиот степен на застапеност на металите во оваа фракција (Cd(14%)> Ni (7,5%)> Pb(3,5%)> Cu(2,6%)> As(2,5%)> Zn(2,2%)> Cr(0,2%)) укажува на ниска стапка на активност и мобилност на овие метали во почвениот раствор, предизвикана од моменталните физичко-хемиски услови во почвата.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/608/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:608
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/608/1/%D0%9C%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B0.pdf
Identifier: Karakaseva, Elizabeta (2012) Примена на секвенцијална екстракција како метод за проценка на дистрибуцијата и мобилноста на бакарот во лозови насади. Masters thesis, Goce Delcev University - Stip.



TitleDateViews
Примена на секвенцијална екстракција како метод за проценка на дистрибуцијата и мобилноста на бакарот во лозови насади201239