Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Other engineering and technologies


Year: 2012


Type: Thesis
Type: NonPeerReviewed



Title: Влијание врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидроодлагалиште во рудникот за бакар Бучим, со преземање на мерки за заштита


Author: Danevski, Tome



Abstract: Во овој магистерски труд е извршена проценка на влијанието врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидроодлагалиште во рудникот за бакар “Бучим”, со преземање на мерки за заштита. Анализирани се најголемите причини за загрозување на животната средина. Тука се става акцент на отпадните води од одлагалиштето на површинската откривка, водите од Бучимското езеро , истечните води од хидроодлагалиштето , лебдечки фракции на минерална прашина и др. Мониторингот и испитувањата, генерално ке бидат поделени на два периоди. Првата анализа ке биде опфатена во фаза 1 и истата се однесува за периодот од 2005 година, кога водотеците од Бучимско езеро и Јасенов дол се влеваа директно во Тополничка река. Втората анализа е опфатена во фаза 2, а тоа е периодот по 2010 година, кога се става во функција системот за зафаќање на дренажните води од постоечкото одлагалиште за откривка и одведување во хидроодлагалиштето. Извршен е мониторинг со примероци на води, почва, амбиентниот воздух, мониторинг со примероци на мов и прав од поткровни греди. За одлагалиштето за откривка се предлага мерките за рехабилитација да бидат пред се насочени кон ограничување (блокирање) на можните извори на загадување, односно спречување на емисиите на опасни компоненти надвор од зоната на овие објекти (пред се преку водите). Флотациското хидроодлагалиште би можело да биде рехабилитирано во правец на создавање на нови вредности, во прв ред нови растителни и животински станишта, шумски заедници, водени хабитати и сл.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/602/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:602
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/602/1/Tome_Danevski.pdf
Identifier: Danevski, Tome (2012) Влијание врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидроодлагалиште во рудникот за бакар Бучим, со преземање на мерки за заштита. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.



TitleDateViews
Влијание врз животната средина од одлагалиштето за откривка и флотациското хидроодлагалиште во рудникот за бакар Бучим, со преземање на мерки за заштита201238