Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Other engineering and technologies


Year: 2010


Type: Thesis
Type: NonPeerReviewed



Title: Системи за заштита на ПЈС од подземни и површински води со имплементирање на информациски систем за мониторинг


Author: Gjorgievski, Blagoj



Abstract: Брзото темпо на развој на рударската технологија во последните години ја наметна потребата и останатите активности во процесот на експлоатација на минералните сировини да го следат тој развој со цел да се постигне поголема и побезбедна продуктивност. Одводнувањето како активност која му предходи, но и го прати технолошкиот процес на експлоатација на наоѓалиштата, мора да ги задоволува сите нивоа на навремено и сигурно функционирање. Најчест проблем кој ја прати површинската експлоатација на минерални сировини, е заштитата од подземни и површински води. Навременото и ефикасно решавање на ваквите проблеми може да гарантира безбедност и продуктивност на технолошкиот процес. Процесот на предодводнување и одводнување на рудниците со површинска експлоатација, освен што бара високо ниво на истраги од аспект на хидрологија и хидрогеологија, бара користење на соодветни методи и системи за одводнување. Развојот на технологијата за експлоатација која овозможува и зголемување на параметрите на димензиите на рудниците, бара и сè поголемо присуство на информатичката технологија во функција на мониторинг на системите за одводнување, прибирање на податоците и нивна обработка сè со цел за навремено и ефикасно интервенирање за заштита од дотокот на води во рудниците со површинска експлоатација.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/587/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:587
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/587/1/Blagoj_Gorgieski.pdf
Identifier: Gjorgievski, Blagoj (2010) Системи за заштита на ПЈС од подземни и површински води со имплементирање на информациски систем за мониторинг. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.



TitleDateViews
Системи за заштита на ПЈС од подземни и површински води со имплементирање на информациски систем за мониторинг201036