Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Basic medicine
Subject: Other medical sciences


Year: 2013


Type: Teaching Resource
Type: PeerReviewed



Title: Стоматолошки материјали и технологија - скрипта


Author: Kovacevska, Ivona



Abstract: Изучувањето на особините, перформансите, апликативната можност, индикациите и контраиндикациите за употребата и поставувањето на материјалите во стоматологијата, односно во нејзините дисциплини, конкретно создавањето на надоместоци кои се вградуваат или користат во оралната средина на хуманата популација претставува многу сериозна и суптилна дејност. Соочувајќи се со фактот дека во текот на денот стоматологот и забниот техничар доаѓаат во контакт со голем број на различни материјали, се почуствува недостиг од соодветна стручна литература од македонско јазично подрачје. Содржините презентирани во оваа скрипта се предвидени за студентите од Факултетот за медицински науки, студиска програма Стоматологија и Стручните студии за забен техничар - протетчар. Тие се комплементарни со студиската програма по предметот Стоматолошки материјали и опрема, кој се изучува во текот на првиот семестар, додипломски студии. Исто така, предметот Стоматолошки материјали и технологија кој се изучува во текот на четвртиот семестар. Предмет на изучување се неметалите кои се користат примарно во заботехничката лабараторија но и во клинички услови. Делумно содржините од оваа скрипта ќе им помогнат и на студентите по Општа стоматологија во совладување на поставените задачи по предметот Стоматолошки материјали кој го изучуваат исто така во прв семестар. Покрај текстуалната поставеност присутни се и фотографии кои верувам дека попрактично ќе им ги доловат содржините од оваа скрипта на студентите и ќе им помогнат во нивната едукација и мануелна апликативна демонстрација. Секако дека податоците изнесени во текстот не се совршени, можеби друг автор или колегите студенти ќе најдат мноштво недостатоци, но во моментот како автор мислам дека секогаш ќе има новитети, современи технологии, тренд материјали бидејќи самата наука за стоматолошките материјали и нивната технологија претставува временски менлива категорија.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев" - Штип


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/3526/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:3526
Identifier: Kovacevska, Ivona (2013) Стоматолошки материјали и технологија - скрипта. ISBN 978-608-4708-28-5.



TitleDateViews
Стоматолошки материјали и технологија - скрипта201334