Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Basic medicine
Subject: Clinical medicine


Year: 2010


Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed



Title: Превенција на повреди со остри предмети кај лабораториските работници


Author: Danilova, Marina



Abstract: Вовед: Лабораториските работници ги изведуваат нивните работни задачи во специфични работни услови дефинирани со збирот на физичките, хемиските, биолошките и психосоцијалните фактори во работната средина, а кои произлегуваат од условите и процесот на работа. Тие во текот на својата работа се постојано изложени на разни штетни или заразни материјали и имаат зголемен ризик за настанување на разни повреди при работа. Во последните 70-тина години постојат многу студии кои укажуваат на разни болести здобиени во тек на работа во лабораториите. Истражување во 1974 во Данска покажува дека вработените во лабораториите 7 пати почесто заболуваат од хепатитис Б отколку глобалната популација. Слично, во Англија е покажано дека лабораториските работници 5 пати почесто заболувале од хепатит Б и шигелози од останатата популација. Според СЗО најголем дел од повредите кај лабораториските работници настануваат со боцкање со игла. Цел: да се прикаже бројот на повреди од остри предмети кај лабораториските работници во Клиничката болница во Штип и бројот на работници кои користат разни заштитни средства. Материјал и методи: при изработка на трудот опфатени се 30 лабораториски работници во Клиничка болница во Штип кои се испитани преку анкетен прашалник. Резултати: 70 % од испитаните лабораториски работници пријавиле барем по една перкутана повреда во тек на последната година. Од повредите настанати со остри предмети 66 % се повреди со боцкање со игла. 80 % од испитаните лабораториски работници користат ракавици а 77% употребуваат други заштитни средства. Заклучок: повредите со остри предмети кај лабораториските работници се многу чести и истовремено се ризик за пренесување на разни инфекции. Со цел да се намалат повредите на работа потребно е превземање на колективни и индивидуални превентивни мерки.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/3396/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:3396
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/3396/1/__fileserver_userfiles%24_marina.danilova_Desktop_Povredi%20so%20ostri%20predmeti%20kaj%20laboratoriski%20rabotnici.pdf
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/3396/7/Povredi%20so%20ostri%20predmeti%20kaj%20lab.rabotnici-trud.pdf
Identifier: Danilova, Marina (2010) Превенција на повреди со остри предмети кај лабораториските работници. In: X семинар за квалитет, контрола, информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика. (Submitted)



TitleDateViews
Превенција на повреди со остри предмети кај лабораториските работници 201029