Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Law


Year: 2010


Type: Dataset
Type: NonPeerReviewed



Title: Case-study: Досие „ЛОЗАР“ - Студија на случај за правата на стечајните работници од велешкиот агрокомбинат


Author: Apasiev, Dimitar



Abstract: Оваа правна студија на случај (case study), насловена како „ДОСИЕ ЛОЗАР“, се однесува на неостварените права на стечајните работници од поранешниот велешки гигантски агрокомбинат АДАК „Лозар“ - согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година (Сл. весник на РМ, 87/08). Имено, Движењето за социјална правда „Ленка“ (Скопје, Македонија) - во соработка со меѓународната фондација „Роза Луксембург“ (Берлин, Германија) - во 2010 година, спроведе досега единствена сериозна научно-истражувачка студија од областа на трудовото право и законодавство, којашто се занимава со проблематиката на работничките права во Македонија од нејзинот осамостојување до денес, насловена како: „Обезвреднување на трудот – Анализа на трудовоправната легислатива во периодот на транзицијата“. При официјалната промоција на оваа студија во Велес (10.XI.2010), како град кој беше најмногу погоден од криминалната приватизација, остварен беше контакт со членовите на Здружението на стечајни работници од овој град - „Страв“, кадешто ни беа дадени значителен број правновалидни документи кои одат во прилог на тезата дека поранешните вработени од Агрокомбинатот „Лозар“ АД во стечај – Велес сосем неоправдано и без никакво правно издржано образложение не се земени во предвид при опфатот на лицата кои остваруваат право на паричен надоместок, согласно актуелно-важечкиот, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (2008) – и покрај тоа што оваа мала група од 150 лица несомнено ги исполнуваат сите таксативно наведни законски услови (по принципот numerus clausus)! Како резултат на ова, правен тим започна студија на случај која - по неколку месечно теренско и архивско истражување - резултираше со аргументирано правно мислење во корист на правото на овие стечајни работници, и кое потоа беше проследено до сите релевантни надлежни државни институции (Агенција за вработување на РМ, Министерство за труд и социјална политика и Влада на РМ). Но, за жал сите наведени институции останаа глуви и не се произнесоа по ова мислење, по што работниците мораа по судски пат да бараат исправање на оваа нанесена неправда.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/3282/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:3282
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/3282/1/12.%29%20Dosie-Lozar-Veles.pdf
Identifier: Apasiev, Dimitar (2010) Case-study: Досие „ЛОЗАР“ - Студија на случај за правата на стечајните работници од велешкиот агрокомбинат. [Dataset] (Submitted)



TitleDateViews
Case-study: Досие „ЛОЗАР“ - Студија на случај за правата на стечајните работници од велешкиот агрокомбинат201034