Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Other natural sciences


Year: 1990


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Хидротермални измени во оловно-цинковото наоѓалиште „Злетово“ врз примерот на рудна жица II и III


Author: Serafimovski, Todor
Author: Boev, Blazo
Author: Milosavlevski, M



Abstract: Хидротермалните измени на вулканските карпи во оловно-цинковото наоѓалиште Злетово и неговата непосредна околина претставуваат посебно обележје на ова рудоносно подрачје. Интезитетот на алтерациите на вулканските карпи (главно децитски игнимбрити) е толку силно изразен што во денешни услови е сосем тешко да се пронајде примерок на наполно свежа карпа. Екстензивно најраспространета промена на вулканските карпи е пропилитизацијата, манифестирана преку појавата на хлорит, делумно епидот, калцит, пирит и др. Од хидротермалните алтернации, чии манифестации се констатирани непосредно околу рудните жици, најкарактеристични се силификацијата, серицитизацијата и коалинизацијата, придружени од пирофилитизација, карбонатизација, К-фелдепатизација и др. Покрај наведените типични хидротермални измени, во наоѓалиштето Злетово се регистрирани и поголем број на алтерации кои се карактеризираат со намален екстензитет, но наместа со нагласен интензитет. Во оваа група на измени посебно треба да се истакнат адуларизацијата, аргилитазацијата, сидеритизацијата, титанизацијата, лимонитизацијата, создавањето на хидромусковит, калцедон и др.


Publisher: Goce Delcev University Stip


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/2922/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:2922
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/2922/1/GEOLOGICA_1991_B.pdf
Identifier: Serafimovski, Todor and Boev, Blazo and Milosavlevski, M (1990) Хидротермални измени во оловно-цинковото наоѓалиште „Злетово“ врз примерот на рудна жица II и III. Geologica Macedonica. ISSN O352-1206



TitleDateViews
Хидротермални измени во оловно-цинковото наоѓалиште „Злетово“ врз примерот на рудна жица II и III199022