Abstract: Како резултат на развојот на конфекциското производство, и покрај тоа што во последните две до три децении е забележан виден напредокво технолошките процеси, значајно се зголемува количината на цврст текстилен отпад, што претставува загрижувачки проблем за денешната цивилизација. Сегашната состојба за постапување со цврстиот текстилен отпад може да се квалификува како нерегуларна и хаотична. Ваквата неповолна состојба се должи на непостоењето на систем за интегрирано управување со цврст текстилен отпад во oпштините. За да се надмине оваa неприфатлива состојба, во трудот е претставен современ пристап за ефикасно менаџирање и редуцирање на цврстиот текстилен отпад.