Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Law


Year: 2010


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Облигациони односи настанати со причинување на штета во македонското право


Author: Ampovska, Marija



Abstract: Причинувањето штета како човеково дејствие со кое на друг му се причинуваат негативни, неповолни последици во имотната и во личната состојба е воедно и дејствие со кое се повредуваат природните закони на кои е засновано човековото постоење. Природните закони се истите оние кои бараат задоволување на начелото на справедливост и начелото на еквивалентност со враќање на поранешната состојбата, онаа која постоела пред да настане дејствието. Понатаму, останува на правото овој однос да го земе под своја закрила и на едната страна да ѝ го признае ова природно право да бара враќање на поранешната состојба, а за другата страна да ја постави обврската да ја врати состојбата во нејзината правобитна форма. Објективното право уредувајќи го правно овој однос, креира еден облигационен однос наречен облигационен однос со причинување на штета, познат на сите правни системи. Овие облигациони односи заедно со договорните односи претставуваат двете најголеми и воедно најзначајни извори на облигациите во модерното право, па според тоа заслужуваат да бидат разгледани од аспект на местото кое го заземаат во Законот за облигациони односи, односно со кои одредби се уредуваат и каде ги наоѓаме тие одредби во ЗОО, кои се претпоставките што треба да бидат исполнети за да настане еден ваков облигационен однос и на кој начин тие се предвидени во ЗОО, а од друга страна како се определени од страна на правната теорија.


Publisher: УГД - Штип


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/1844/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:1844
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/1844/2/%D0%9E%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B0.pdf
Identifier: Ampovska, Marija (2010) Облигациони односи настанати со причинување на штета во македонското право. Годишен зборник на Правен факултет, 1.



TitleDateViews
Облигациони односи настанати со причинување на штета во македонското право201025