Home | Repositories | Statistics | About



Subject: History and archaeology
Subject: Sociology


Year: 2011


Type: Conference or Workshop Item
Type: PeerReviewed



Title: Територијалната основа на балканските национализми: Случајот на доцноосманлиска Македонија


Author: Stojanovski, Strasko



Abstract: Апстракт Појавата на нациите и национализмите на Балканот, особено во делот кој произлегол од Османлиската империја, се врзува со современите западни струења на просветителството и романтицизмот кои генерираат нов вид на колективна свест. За разлика од класичните размислувања на примордијалната перцепција за „будење“ на нацијата, трудот се темели на модернистичкиот пристап кој приоритет дава на новите форми на мобилизација, прокламирајќи ги економските и политичките фактори пред органски дадените етно- јазични карактеристики. Ова не значи дека последните не постојат, или не играат важна улога во формирањето на прото- национализмите, а подоцна и на целосно оформените нации, туку дека симболичката вредност на етносот, културата и јазикот системски се реификувани за да се вклопат во матрицата на новиот светски поредок. Следствено на ова сите балкански нации, вклучително и македонската се темелат на територијалната перцепција за потеклото во одредени замислени рамки, а чувството за солидарност и заедничка судбина е круцијалниот движечки елемент кој ќе ја формира идната нација- држава.


Publisher:


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/1803/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:1803
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/1803/1/konferencija%20rasporedi.pdf
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/1803/2/referat%2C%20za%20istorija%20simpozium%20-%20Copy.doc
Identifier: Stojanovski, Strasko (2011) Територијалната основа на балканските национализми: Случајот на доцноосманлиска Македонија. In: Меѓународна научна конференција, „Македонија низ Вековите“, 11-12 ноември 2011, Филозофски Факултет- Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. (Unpublished)



TitleDateViews
Територијалната основа на балканските национализми: Случајот на доцноосманлиска Македонија 201132