Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Educational sciences


Year: 2012


Type: Article
Type: PeerReviewed



Title: Примената на моделот на позитивна дисциплина-Фридрих Џонс во современото училиште


Author: Petrova Gjorgjeva, Emilija
Author: Koceva, Marija



Abstract: Училиштето претставува специфичен организациски систем и пред сé има за цел и задача да продуцира такви активности кои ќе доведат до високи достигнувања и резултати на учениците. Покрај пренесувањето на знаење на младата генерација, училиштето има и воспитна и социјална функција. Целосниот училишен систем го сочинува и дисциплината на учениците, односно почитувањето на правила кои владеат во едно училиште. Моделите на училишна дисциплина, односно моделот на позитивна дисциплина на Фридрих Џонс претставува движечки мотив во нашето истражување. Овој модел авторот го засновал на истражувањата за тоа како се однесуваат наставниците кога учениците се однесуваат лошо. Авторот смета дека кога кај ученикот ќе постои самоконтрола и одговорност, тогаш тој ќе се однесува на начин соодветен за часот. За да може успешно да се одвива целиот процес на настава потребно е наставникот со примена на вештини да го ограничи однесувањето на учениците. Џонс, управувањето со одделението го разбира како процес во која мора да се поврзани дисциплината, наставата и мотивацијата на ученикот. Според него, дисциплината е „процес на применување на стандарди и градење на соработка, со што многу малку ќе се создаваат проблеми во наставата, а повеќе ќе се учи“. За успешно одвивање на наставниот процес потребно е ангажирање на сите сетила кај учениците, со што наставата ќе им биде интересна, учениците ќе уживаат, а со тоа и самиот наставник ќе биде задоволен.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/176/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:176
Identifier: https://eprints.ugd.edu.mk/176/1/%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%92%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5.doc
Identifier: Petrova Gjorgjeva, Emilija and Koceva, Marija (2012) Примената на моделот на позитивна дисциплина-Фридрих Џонс во современото училиште. Vospitanie, 7 (11). pp. 7-16. ISSN 1857-5331



TitleDateViews
Примената на моделот на позитивна дисциплина-Фридрих Џонс во современото училиште 201222