Title: Гимназиското образование во Штип меѓу двете светски војни
Author: Cackov, Oliver
Abstract: Штип е град со богата и значајна образовна традиција чиишто корени датират уште од крајот на XVIII век, поточно од 1793 година кога според Петар Завоев почнало да работи првото ќелијно училиште. Најзначајниот импулс во развојот на образованието во Штип и штипско несомнено е поврзано со Јосиф Ковачев, основачот на првото педагошко училиште во штипско, Ново Село. Во 1869 година „ општо образовното училиште прераснало во класно училиште со предметна настава и нова наставна програма. Од оваа година условно земено, датира класното – гимназијално образование во Штип