Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Law


Year: 2011


Type: Teaching Resource
Type: PeerReviewed



Title: Право на ЕУ, правда и внатрешни работи - скрипта


Author: Sotiroski, Ljupco



Abstract: Скриптата насловена како Право на ЕУ, правда и внатрешни работи претставува сериозен обид за создавање квалитетно учебно помагало со прегледна содржина во рамките на Наставниот план и програма на Правниот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип. Концептот на Скриптата е наменет за студентите на првиот циклус на студии со цел да се претстави правото на Европската Унија и промоција и истакнување на значењето на Европскиот правен систем. Содржината на Скрипта елаборира две основни тематски единици. Првата е приказ на правото и суштината на правната рамка, методот на Заедницата и начините на функционирање вклучувајќи ги институциите, нивната структура и функционалност. Втората тематска единица ја претставува структурата на европското државјанство, азил, миграција, полиција, заедничките политики, судската и граѓанската соработка која се остварува во рамките на првиот столб. Изработката на Скриптата е резултат на темелно истражување на оваа материја, при што се користени голем број научни книги и трудови (на англиски, германски и македонски јазик). Имајќи ја во предвид актуелноста на темата и постојаните измени и дополнувања на концептите и правната рамка во која делува Унијата, користени се и документи публикувани на веб страниците на Европската комисија. По својата природа содржината на материјалот првично е намената за студенти кои ја изучуваат област на правото на Европската Унија и во исто време претставува предизвик за секој заинтересиран во проучувањето на комплексноста на правото на Европската Унија вклучувајќи го и делот на правда и внатрешни работи


Publisher: Univerzitet Goce Delcev - Stip


Relation: https://eprints.ugd.edu.mk/1665/



Identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:1665
Identifier: Sotiroski, Ljupco (2011) Право на ЕУ, правда и внатрешни работи - скрипта. ISBN 978-608-244-032-3.



TitleDateViews
Право на ЕУ, правда и внатрешни работи - скрипта201132